Дома Фудбал Чешка и Јужна Африка не успеаја да се победат и ги намалија своите шанси за понатамошно квалификување

Чешка и Јужна Африка не успеаја да се победат и ги намалија своите шанси за понатамошно квалификување

Чешка и Јужна Африка не успеаја да се победат и завршија 1:1 во нивниот втор натпревар во групата “А” на Мундијалот 2026, кој се играше во Атланта.

Уште во 6-тата минута Михал Садилек постигна гол за европскиот тим, но потоа тие се опуштија и на крајот примија израмнувачки гол во 83-та минута, откако Тебохо Мокоена успешно реализираше пенал.

Со ова реми, двата тима ја запишаа првата точка на Светското, но тоа нема да биде голема утеха за нив, бидејќи ги намалија своите шанси за продолжување понатаму. И Чешка, и Јужна Африка сега мораат да постигнат задолжителна победа во последните натпревари од групата – соодветно против силните тимови на домаќинот Мексико и Јужна Кореја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покетино: „Време е за Хари Кејн“ – Англичанецот ја заслужува Златната топка

Маурицио Покетино смета дека Хари Кејн заслужува да ја освои престижната „Златна топка“, и…