
Фудбалерите на Англија со извонредна игра во второто полувреме ја совладаа Хрватска со резултат 4:2, а селекторот Томас Тухел објасни како својата екипа ја мотивирал за таква тотална трансформација во играта.
Првото полувреме помина во изедначена игра, резултатот беше 2:2. Англија не успеа да наметне доминација која би им донела позитива пред паузата.
Но, во второто полувреме на терен како да излезе сосем друга репрезентација. “Трите лавови” постигнаа два гола, и можеше да биде уште повеќе ако не беше одбраните на Доминик Ливаковиќ при крајот на натпреварот.
Очигледно, клучен беше говорот на селекторот Тухел на полувремето. Своето објаснување го дадоа и селекторот и капитенот Хари Кејн, кој постигна два гола и повторно имаше извонреден настап, како во нападот, така и во одбраната.
“Ги охрабрував, кратко и спокојно. Ако тоа им помогнало, уште подобро. Намерата ми беше да им вдaм самодоверба, да им порачам дека немаат од што да се плашат. Им кажав дека верувам во нив и дека одиме по победа. Побарав да бидат активни”, изјави Тухел.
Кејн, после одличниот настап, го пофали својот селектор и откри уште повпечатлива порака.
“На полувремето селекторот ни рече дека, ако загубиме, да загубиме со стил. И излеговме полни со енергија што го видовте во натпреварот. Можевме да постигнеме уште неколку гола”, рече капитенот на Англија.
После првото коло од групата, Англија има три бодови, исто колку и Гана, додека Хрватска и Панама останаа без скор.