
Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, се најде во интензивна дебата со Џордан Пикфорд за време на отворањето на Светското првенство, каде што Англија ја совлада Хрватска со резултат од 4:2.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во градот Далас, по повтореното изведување на пеналт од Хари Кејн, Англија дојде до водство, а кратко потоа се случи конфликт кој камерите не го забележаа. Џеф Шривс, новинар на Фокс, објави дека селекторот на Англија му извикал на својот чувар на голот: “Прави како што ти реков!”.
Според Шривс, Пикфорд одоговорил на Тухел, кој, по сè изгледа, го критикувал поради непочитувањето на неговите инструкции при изградба на нападот од задната линија и затоа што топката ја упатил во погрешен правец, пренесуваат англиските медиуми. Англија, како еден од фаворитите за светска титула, и Хрватска се наоѓаат во иста група со Гана и Панама.
Да потсетиме, Англија ја победи Хрватска со два гола на Хари Кејн и со погодоци на Џуд Белингам и Маркус Рашфорд. За Хрватска, погодоци постигнаа Мартин Батурина и Петар Муса.