Дома Фудбал Франција го има најскапиот почетен состав на Светското првенство

Франција го има најскапиот почетен состав на Светското првенство

Почетниот состав на Франција за натпреварот од групната фаза на Светското првенство 2026 против Сенегал стана најскап во историјата на светските фудбалски финали, објави Transfermarkt.

Тимот беше проценет на вредност од 908 милиони евра, а “петлите” го подобрија својот сопствен рекорд од Светското првенство 2018 во Руската Федерација, кога исто така во натпревар одигран на 16 јуни настапија со фудбалери со вредност од 710 милиони евра.

Ден подоцна, на 17 јуни 2018 година, Бразил излезе со тогаш вториот и сега веќе вториот најскапоцен почетен состав за натпревар на Светско првенство во дуелот со Швајцарија. Тогаш “Селесао” имаше тим кој беше проценет на вредност од 650 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нови проблеми за Алварез: Му ги сервираше човек од Барселона

Поранешниот извонреден фудбалер, а денес еден од челниците на Барселона, Деко, зборуваше з…