Дома Фудбал „Бомба“: Жељко Обрадовиќ потпишал?!

„Бомба“: Жељко Обрадовиќ потпишал?!

Според најновите информации, најуспешниот тренер во Европа, Жељко Обрадовиќ, потпишал договор со Панатинаикос, пренесува израелскиот новинар Арале Вајсберг.

Не е тајна дека Жељко Обрадовиќ е најголемата желба на Панатинаикос и на неговиот контроверзен сопственик, Димитрис Јанакопулос, кој пред два дена се раздели со Ергин Атаман.

Турскиот стратег го заврши својот ангажман во Панатинаикос по сезоната во која Олимпијакос ги освои трофеите во Евролигата и грчкото првенство.

Игрите на ПАО беа далеку под очекувањата, особено во Евролигата.

Токму поради тоа, Јанакопулос инсистираше на најдобриот во Европа – Жељко Обрадовиќ.

Жељко Обрадовиќ е жива легенда на Панатинаикос, со кои во својот прв мандат освои дури пет европски титули.

Се чини дека е време за враќање на својата „втора љубов“, по раздвојувањето со неговата „прва љубов“ – Партизан во минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влезе во 79. минута, па со гол и асистенција ја запечати победата на Цирих

Селмин Хоџа беше меѓу клучните играчи во гостинскиот триумф на Цирих над Јанг бојс со 5:3.…