Дома Фудбал Операцијата на Игуаин мина во најдобар ред, сепак против Наполи во некоја следна прилика

Операцијата на Игуаин мина во најдобар ред, сепак против Наполи во некоја следна прилика

Фудбалерот на Јувентус, Гонзало Игуаин е успешно опериран денес по фрактурата на левата рака.

Како што објави италијанскиот клуб, операцијата минала како што треба.

Игуаин веројатно ќе го пропушти дербито во Серија А против Наполи во петок, зад кој Јувентус има четири бода негатива.

Аргентинскиот напаѓач натпреварот против Кротоне го мина на клупата, а оваа сезона постигна осум погодоци на 13 натпревати во првенството.

Прв напаѓач на мечот против Наполи за „Старата дама“ би требало да биде Марио Манџукиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…