Дома Фудбал Мбапе го надмина Меси по голови на Мундијал и Жиру по погодоци за Франција

Мбапе го надмина Меси по голови на Мундијал и Жиру по погодоци за Франција

Ѕвездата на францускиот национален тим Килијан Мбапе го надмина Лионел Меси по бројот на постигнати голови на светски првенства. Ова стана факт, откако напаѓачот постигна два гола во мечот од првото коло на групата „I“ на Мундијал 2026 против Сенегал.

Ова беа 13 и 14-от гол за Мбапе во неговиот 15-ти натпревар на светски првенства. Лионел Меси има 13 погодоци, но тие се постигнати на 26 одиграни натпревари на најголемата фудбалска сцена. Рекордер е Мирослав Клозе со 16 погодоци, следен од Роналдо со 15 и Герд Милер со 14.

Головите против Сенегал беа 57 и 58 за Мбапе во дресот на „петлите“. Го надмина Оливие Жиру, кој до денес беше единствен водач во престижната класификација.

Жиру му беа потребни 137 натпревари за да стигне до овие 57 погодоци, додека Мбапе постогна 58 во 99 средби со националниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…