Дома Фудбал Шкендија го крои тимот, купи Бразилец и се раздели со двајца фудбалери

Шкендија го крои тимот, купи Бразилец и се раздели со двајца фудбалери

Шкендија продолжува активно да го скројува ростерот за новата сезона. Тетовскиот клуб денеска го промовираше бразилскиот играч за врска Рафаел де Силва како ново засилување, а истовремено потврди и две разделби во играчкиот кадар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дваесет и шестгодишниот Бразилец пристигнува од Тирана, каде што во изминатата сезона одигра 32 натпревари и постигна четири гола. Пред настапите во албанскиот шампионат, Рафаел беше дел од португалскиот Лешоеш.

Покрај новото име во составот, Шкендија официјално се раздели и со Лиридон Љатифи, а неколку часа подоцна клубот соопшти дека завршува и соработката со нигерискиот фудбалер Ибрахим Алхасан.

На Алхасан му истече договорот по крајот на сезоната, по што двете страни одлучија да не ја продолжат соработката. Нигериецот помина две сезони во редовите на тетовскиот тим, период во кој се радуваше на шампионската титула и беше дел од историскиот европски настап на Шкендија во Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионите на Англија ја преземаат Италија, Капело разочаран: Тој не може!

Нов ден, нова возбудлива епизода во италијанскиот фудбал. Како ПАМЕТНО да типувате на Worl…