Дома Фудбал Херојот Возиња дојде до неверојатна бројка на Инстаграм, а по натпреварот се расплака поради неговата мајка

Херојот Возиња дојде до неверојатна бројка на Инстаграм, а по натпреварот се расплака поради неговата мајка

Четириесетгодишниот голман на Зелениот Рт, Возиња, направи чудо против Шпанија со одличните одбрани (0:0), а неговата неверојатна приказна и моментот на неочекуваната светска слава привлече огромно внимание. Сега тој има над 6 милиони следачи на Инстаграм.

Додека неговите соиграчи славеа спортска сензација од прва класа, Возиња по завршувањето на натпреварот се спушти на колена и избувна во неутешлив плач на стадионот во Атланта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тие солзи, кои брзо се раширија ширум светот, не беа само резултат на спортска еуфорија и адреналин, туку и длабока лична тага и семејна драма која ја откри финансиската и бирократската бариера со која се соочуваат граѓаните на помалите држави.

Иако официјално беше прогласен за играч на натпреварот, Возиња немаше поддршка од трибините од неговата најголема поддршка во животот – неговата мајка.

Причина за тоа е строгата и доста контроверзна визна политика на земјата домаќин.

Во јануари оваа година, владата на САД ги додаде Зелениот Рт на списокот земји чии граѓани, покрај стандарните такси за виза, мора однапред да уплатат и повратен депозит во вредност од дури 15.000 долари (околу 11.200 фунти).

За семејството на скромниот голман, оваа сума претставуваше непречена пречка во краток временски период, поради што неговата мајка не успеа навреме да ги заврши апликациите и да биде сведок на најголемиот момент од кариерата на својот син.

“Плачев затоа што растев со баба и дедо, а тие, за жал, веќе не се со мене. Тие беа се за мене, цел мој живот. Плачев и затоа што мајка ми не успеа да дојде поради визата. Поради парите кои ги плативме за депозитот, не стигнавме да завршиме сè на време. Сакав да биде тука, но и покрај сè сум многу среќен”, изјави емотивниот чувар на мрежа.

Возиња е постојан голман на својата репрезентација веќе 13 години, а неговата професионална кариера започнала необично доцна – на 25 години, во далечната 2012 година.

“Целиот живот работев за овој момент. Имам 40 години. Порано размислував да се откажам од фудбалот, но продолжив да се борим токму заради овој сон. Ова е награда за сите нас. Јас сум прогласен за играч на натпреварот, но ова припаѓа на сите мои соиграчи, бидејќи без нив ништо не би било можно”, додаде ветеранот меѓу стативите.

Додека изјавите за мајка му и починатите членови на семејството буделе емпатија кај јавноста, на интернетот се одвиваше неверојатна и незапаметена сензација.

Неговото маестрално претставување против Црвената фурија го постави овој 40-годишник во центарот на глобалното внимание на социјалните мрежи.

Пред почетокот на натпреварот против Шпанија,Возињабеше релативно непознат спортист со околу 56.000 следачи на Инстаграм. Но, во рок од само неколку часа по завршувањето на натпреварот, таа бројка доживеа епска експанзија и достигна над 6 милиони следачи.

Посебно впечатлив беше моментот во микс-зоната по натпреварот. Во телевизиско интервју, новинарката од угледниот шпански лист Марка му соопшти дека во таа секунда надминал 1,1 милион следачи. Возиња остана во неверие, гледајќи изненадено и држејќи ја главата.

“Ова е лудило!”, коментираше тој со смеа и неверие, потполно несвесен дека до утро бројот ќе расне на повеќе од шест милиони луѓе кои го препознале кај него вистинскиот херој и олицетворение на чистиот фудбалски романтизам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат првиот противник на Вардар во квалификациите за ЛШ

Вардар го доби својот прв противник во квалификациите за Лигата на шампионите. На денешнат…