
Фудбалската репрезентација на Уругвај имаше многу лош третман од страна на Американците, организатори на Светското првенство во фудбал.
Американските власти им создадоа многу непријатности на Уругвајците пред самото влегување во земјата, нивните летови беа одложувани и на крајот едвај стигнаа на натпреварот во рамките на рокот налажан од ФИФА.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По пристигнувањето во Америка, Уругвајците се соочија со ново непријатно изненадување, бидејќи пред хотелот беа претресувани како најголеми криминалци.
На социјалните мрежи се појави видео кое го покажува моментот кога Уругвајците е ги претресува полицијата со помош на кучиња, кои ги мирисаа нивните куфери со опрема за да најдат нешто сомнително и илегално.
На снимката можат да се видат уругвајските ѕвезди како Мануел Угарте, кои зачудено гледаат што прави полицијата, а видеото стана вирално.
Уругвај вчера ја одигра својата прва средба на турнирот, каде што направи грешка и ремизираше во дуелот со Саудиска Арабија.
Саудијците водеа со голот на Ал-Амри во 41-та минута, но Уругвај едвај избегна пораз, благодарение на израмнувачкиот гол на Араухо десетина минути пред крајот на мечот, завршувајќи со 1:1.
Uruguay arrived in the United States for the World Cup and were greeted by sniffer dogs and full security checks.
— utdreport (@utdreport) June 15, 2026
Look at Manuel Ugarte’s face 😂 pic.twitter.com/LZrT4nUmrX