Дома Фудбал Невидена ситуација на Светското првенство: Репрезентацијата најде нов тренер среде натпреварување!

Невидена ситуација на Светското првенство: Репрезентацијата најде нов тренер среде натпреварување!

Едно од најголемите разочарувања на ова Светско првенство досега е несомнено Тунис, кој предходната ноќ со дури 5:1 изгуби од Шведска и така речиси се остави без шанси за понатамошен пласман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Секако, само две победи – против Јапонија и Холандија можат да го испратат Тунис понатаму, но атмосферата во оваа репрезентација е далеку од идеална. Имено, тие среде натпреварување го отпуштија селекторот Сабри Ламуши.

Веднаш започна потрага по ново име, а фокусот падна на легендарниот Ерве Ренар од Франција. Меѓутоа, она што им боде очи на сите е фактот што Ламуши сè уште е со тимот и не само тоа – тој ги води нивните тренинзи.

Јасно е дека го прави тоа заради мирот во националниот тим на Тунис, но останува прашање дали Ренар и Тунис ќе успеат да постигнат договор до крајот на првенството. Французинот би добил во раце не жежок, туку врел компир.

Она што е уште побизарно е дека ова не би била прва егзибиција за Ренара, бидејќи за време на Африканскиот куп на нации го посакуваше селекцијата на Брегот на Слоновата Коска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иранците не смееле да останат во САД ниту една ноќ, веднаш им било наредено да заминат!

Иранскиот селектор Амир Галенои изјави дека неговата репрезентација само неколку часа по н…