Дома Фудбал Лукаку помогна на Белгија за бод против Египет

Лукаку помогна на Белгија за бод против Египет

Екипите на Белгија и Египет одиграа реми од првото коло во групата “G” на Светското првенство во фудбал.

Натпреварот на стадионот во Сиетл заврши со резултат 1:1. Емам Ашур донесе водство за “фараоните” во 19-тата минута, но автоголот на Мохамед Хани во 66-тата минута го врати израмнувањето. За израмнувачкиот гол голема заслуга има и Ромелу Лукаку, кој само секунди порано се појави на теренот, но токму неговото присуство во шеснаесетникот го принуди одбранбениот играч на Африканците да ја прати топката во сопствената мрежа.

Денес беше и роденденот на ѕвездата на Египет Мохамед Салах, кој асистираше за погодокот на својот тим, но не успеа да си направи подарок со првата победа за неговиот тим на светските првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите од 21 година во Скопје ќе играат против Русија!

Младата македонска репрезентација до 21 година на 28 септември ќе одигра контролен натпрев…