
Од шпанскиот табор пристигнаа вчудовидените вести. Левиот бек Марк Кукуреља стана нов член на Реал Мадрид, но начинoт на кој оваа информација им стана позната на неговите соиграчи предизвика општо изненадување и неверување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Престижниот шпански весник “Марка” ексклузивно објави дека Кукуреља успеал да го зачува договорот со Кралскиот клуб во апсолутна тајност.
И толку тајно што не им кажал ниту збор на своите колеги од репрезентацијата, со кои во моментов го дели просторот во соблекувалната.
🚨 𝗝𝗨𝗦𝗧 𝗜𝗡: Marc Cucurella did not inform the Spanish national team players about his Real Madrid move.
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) June 15, 2026
The squad found out when the ‘Here We Go’ was posted by Fabrizio Romano. All the Spain players were shocked.
— @marca pic.twitter.com/SElVSlY1Ee
Наместо да им соопшти лично или во доверлив разговор, репрезентативците на Шпанија за овој голем трансфер дознаа на наjсовремен начин – преку социјалните мрежи.
“Тимот дозна за трансферот кога Фабрицио Романо ја објави својата позната ‘Here We Go’ порака. Сите играчи на Шпанија беа во целосен шок,” го содржи извештајот на “Марка”.
Иако трансферот во Реал Мадрид несомнено претставува успех за Кукурела, останува прашањето како оваа „таинственост“ ќе се одрази на амбиентот во националниот тим.