Дома Фудбал Јапонците повторно се хит: Славеа гол, па погледнете како ја исчистија улицата за 40 секунди (Видео)

Јапонците повторно се хит: Славеа гол, па погледнете како ја исчистија улицата за 40 секунди (Видео)

Светот повторно се воодушеви од дисциплината и културата на јапонските навивачи.

Кога репрезентацијата на Јапонија успеа да извојува бод во драматичен натпревар против фаворитизираната Холандија со резултат 2:2 на отворањето на Светското првенство, улиците на Токио беа преплавени со радост, на еден специфичен, “јапонски” начин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По израмнувачкиот гол, стотици еуфорични навивачи се собраа на Шибуја Кросинг, најпознатото и најпрометното пешачко крстосување во светот, за да го прослават погодокот.

Се вееше знамиња, се скокаше и пееше, а атмосферата за момент наликуваше на секоја друга фудбалска метропола.

Но, она што се случи во следните моменти стана апсолутен хит на социјалните мрежи. Спонтаната навивачка еуфорија на самата крстосница траеше точно 40 секунди.

Зошто баш толку? Бидејќи пешачкиот семафор го задржа зеленото светло точно 40 секунди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик се согласи на потег кој Мурињо и Аморим го одбиле

Според информациите кои ги носат британските медиуми, Манчестер Јунајтед следната сезона ќ…