Дома Фудбал Пике удри по Кукуреља: Ова боли, навивачите нема да му простат!

Пике удри по Кукуреља: Ова боли, навивачите нема да му простат!

Марк Кукуреља, 27-годишниот лев бек, потпиша договор со Реал Мадрид, што предизвика бројни реакции бидејќи своето детство го помина во школата на Барселона, прочуената Ла Масија. Трансферот на играч кој потекнува од младинската академија на Барселона кај најголемиот ривал е ретка појава во шпанскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според извори, Барселона по овој трансфер повеќе не го смета Кукуреља за свој производ. Неговото име и податоци наводно биле отстранети од евиденцијата на Ла Масија.

Поранешниот играч на Барселона, Жерард Пике, остро го критикуваше 27-годишниот бек.

“Тој мина низ Ла Масија, како дете го носеше грбот на Барселона, учеше за вредностите на клубот и добро знае што значи Барселона за милионите навивачи ширум светот”, изјави Пике и продолжи:

“Затоа ова уште повеќе боли. Играч кој доаѓа од Ла Масија многу подобро го разбира ривалството. Ако си пораснал во академијата на Барселона и потоа избереш Реал Мадрид, не можеш да очекуваш поддршка.”

Пике ја истакна важноста на клупскиот идентитет:

“Ла Масија е повеќе од обична школа, тоа е идентитет. Можеш да заминеш од Барселона, но да потпишеш за Реал Мадрид откако си пораснал во Ла Масија? За многу навивачи тоа е преминување на црвената линија. Луѓето можат да избираат што сакаат, но вистинскиот ’Кулер‘ не заборава од каде потекнува”, заклучи тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали Трамп повторно ќе го прекрши долгогодишното правило на ФИФА?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, планира да го наруши долгогодишното правило на ФИФА по…