
Четирикратниот светски шампион Германија започна силно со учеството на Светското првенство 2026, откако лесно го совлада дебитантот Курасао со 7:1 во воведниот натпревар од групата “Е”, одигран на „НРГ Стадиум“ во Хјустон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот добро започна за тимот на Германија, кој поведе уште во шестата минута, кога Лукас Нмеча постигна гол по одлична комбинација со Флориан Вирц. Најмалата земја која се пласирала на светско првенство се обиде да игра храбро и ги израдува своите навивачи со првиот гол на ваков турнир.
Тоа се случи во 21-та минута, кога Ливано Комененсиа израмни со помош на рикошет. Нико Шлотербек (28’) ја врати предноста за Германија, а до паузата резултатот веќе беше 3:1 по голот од пенал на Кај Хаверц. Головото шоу на Германците продолжи со голот на Џамал Мусиала (47’) на самиот почеток на вториот дел. Натанил Браун го постигна петтиот гол за Германија во 68-та минута. Десет минути подоцна, и Дениз Ундав го запиша своето име меѓу стрелците. Кај Хаверц (88′) го заокружи конечниот резултат со својот втор гол на натпреварот.
Ова беше десетта последователна победа за тимот на Јулијан Нагелсман. Таа беше сосема заслужена и постигната без големи напори. Од друга страна, Курасао покажа дека, и покрај ентузијазмот, ваквите егзотични тимови немаат квалитети да играат на толку голем турнир како светско првенство.