Дома Фудбал Гвардиол на Светското првенство дознал вест која би можела многу да измени

Гвардиол на Светското првенство дознал вест која би можела многу да измени

Англиските медиуми објавија дека Манчестер Сити подготвува нов повеќегодишен договор за хрватскиот репрезентативец, со кој би сакал да го задржи како еден од клучните играчи за иднината на клубот. Според информациите од Англија, во тек се преговори за продолжување на соработката со значително зголемување на платата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако во одредени објави на социјалните мрежи се споменува дури и договор до 2032 година, засега нема официјална потврда дека новиот договор е потпишан. Она што е потврдено е дека Сити работи на долгорочна соработка со хрватскиот дефанзивец.

Таквиот потег не изненадува. Гвардиол во последните две сезони се наметна како еден од најдобрите дефанзивци во светот, играч околу кого Манчестер Сити сака да гради нова генерација по завршувањето на ерата на Пеп Гвардиола, а успешно се врати на теренот по повредата.

Неговите игри не останаа незабележани ни меѓу европските великани. Во текот на последните месеци, Реал Мадрид покажа сериозен интерес, кој веќе подолго време бара левоножен стопер способен да игра и на позицијата лев бек. Токму Гвардиол е профилот на играч кој му недостига на “Кралскиот клуб”.

Шпанските медиуми тврдат дека хрватскиот репрезентативец е една од главните желби на мадридскиот гигант, а одредени извори наведуваат дека и самиот е запознаен со интересот од Сантијаго Бернабеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дибала сè поблиску до заминување, за неговата замена Рома ќе мора да издвои 55 милиони евра!

Рома бара засилувања во офанзивниот ред бидејќи се очекува Пауло Дибала да го напушти клуб…