
Kошаркарите на Њујорк Никс го освоија НБА трофејот за првпат по 53 години, победувајќи ги Сан Антонио Спарс со резултат 94:90 во петтиот натпревар од финалната серија и со вкупен скор 4:1 дојдоа до третата титула во историјата на франшизата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Историската ноќ во Сан Антонио му припадна на Џејлен Брансон, кој одигра натпревар на кариерата и постигна дури 45 поени, предводејќи ги Никс до најголемиот успех уште од шампионската генерација од 1973 година.
Одличниот плејмејкер особено доминираше во второто полувреме, кога постигна 29 поени и беше клучниот човек во големиот пресврт на својот тим. Поради неговите настапи за време на финалната серија, заслужено беше прогласен за МВП на финалето.
Освен Брансон, значаен придонес во шампионската победа дадоа Микал Бриџис со 14 поени, Џош Харт кој запиша дабл-дабл учинок од 13 поени и 11 скокови, и OG Ануноби со 11 поени. Карл-Ентони Таунс и Мичел Робинсон додадоа по 10 скокови.