Дома Фудбал Ибрахимовиќ откри за кого ќе навива на Светското првенство, но ја заборави Босна

Ибрахимовиќ откри за кого ќе навива на Светското првенство, но ја заборави Босна

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ моментално престојува во Северна Америка, каде што работи како стручен консултант за преносите од Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот напаѓач на многу европски гиганти учествуваше во анализата на групите пред почетокот на натпреварувањата, а во таа прилика откри која му е најинтересна група и за која репрезентација ќе навива.

“Ја избирам групата Л. Таму игра Англија, па ќе видиме дали фудбалот ќе се врати дома. Потоа е Хрватска, моите корени се од таму, па затоа на ова првенство ќе навивам за Хрватска. Гана е преполна со талентирани играчи и ме интересира како ќе се претстават. Што се однесува до Панама, мислам дека ќе бидат аутсајдери во оваа група”, изјави Ибрахимовиќ.

Неговиот коментар за Панама ги насмеа присутните во студиото, а интересна реакција имаше и легендарниот француски напаѓач Тиери Анри, кој беше меѓу гостите на емисијата.

Иако подвлече дека ќе ја поддржи Хрватска, нема сомнеж дека Ибрахимовиќ внимателно ќе ги следи и настапите на репрезентацијата на Шведска, земјата каде што е роден и за која испиша историја. За шведскиот национален тим одигра 122 натпревари и постигна рекордни 62 гола.

Интересно е што Ибрахимовиќ не ја спомена Босна и Херцеговина, иако по таткова линија има потекло од оваа земја. Неговиот татко Шефик Ибрахимовиќ е роден во Босна и Херцеговина, додека мајка му Јурка Гравиќ потекнува од Хрватска, од близината на Задар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Непријатни вести од Светското: А дали ќе го гледаме Нејмар? Солзи во Бразил!

Фудбалски Бразил би можела да остане без своја најголема надеж додека трае целата групна ф…