Дома Ракомет Познати и се и датумите на кои ќе игра Македонија на Светското првенство

Познати и се и датумите на кои ќе игра Македонија на Светското првенство

Откако денеска ги доби противниците за Светското првенство во Германија, македонската ракометна репрезентација го дозна и распоредот на натпреварите во групната фаза од шампионатот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нашата селекција, која на ждрепката беше сместена во вториот шешир, ќе настапува во групата Х, каде што за противници ги доби репрезентациите на Исланд, Бахреин и Јапонија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Магдебург.

Според системот на натпреварување, трите најдобропласирани селекции од секоја група ќе обезбедат место во главната фаза на шампионатот. Во втората рунда репрезентациите ќе бидат распределени во четири нови групи и ќе ја продолжат битката за пласман во елиминациската фаза.

Светското првенство ќе се одржи од 13 до 31 јануари следната година, а домаќини на натпреварите ќе бидат германските градови Минхен, Штутгарт, Кил и Магдебург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Необичен трансфер: Беше директор на КК Пелистер, сега стана тренер на РК Пелистер 2!

Филип Ивановски, кој до неодамна ја извршуваше функцијата извршен директор на кошаркарскио…