Дома Фудбал Вардар покрај 250.000 евра на УЕФА, ќе плати и уште 17.000 на ФФМ

Вардар покрај 250.000 евра на УЕФА, ќе плати и уште 17.000 на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија денеска објави нови одлуки на Дисциплинската комисија, а меѓу санкционираните се најде и Вардар, кој ќе треба да плати парична казна.

Откако вчера од таборот на „црвено-црните“ соопштија дека клубот добил казна од 250.000 евра од УЕФА, сега следува и дополнителна финансиска санкција од домашната федерација во висина од 17.000 евра.

Според одлуката на Дисциплинската комисија, Вардар е казнет поради употреба на пиротехнички средства на натпреварот против Шкендија, одигран во рамките на 33. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Останатите дисциплински мерки и одлуки што ги донесе комисијата ФФМ може да ги прочитате – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Соиграчот на Халанд воодушевен: Пронајдовме вистински бисер!

Ерлинг Халанд изрази огромното задоволство од Ајуб Буади (18), едно од најголемите таленти…