
Италијанскиот крилен напаѓач Лоренцо Инсиње ги помина последните шест месеци играјќи за неговиот детски клуб Пескара во Серија Б.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, тимот не успеа да се задржи во вториот ранг на натпреварување и од август ќе игра Серија Ц, што значително го отежнува работењето на клубот кој се соочува со потенцијален замин на првата ѕвезда.
Лоренцо Инсиње има понуди и покрај неговите години, додека првиот човек на Пескара Даниеле Себастијани сака да го задржи и за следната сезона.
Поранешниот напаѓач на Наполи и на италијанската селекција има примамлива понуда од Грција, и тоа не од било кој, туку од повратникот во елитниот ранг – Ираклис.
Одговорот на прашањето зошто Ираклис сака да го донесе Лоренцо Инсиње се крие во нивниот нов тренер – Валтер Маѕари. Искусниот стратег од “чизмата” многу добро го познава нискиот напаѓач, кого го користеше во своето време во Наполи.