
Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за тоа кој ќе го замени на клупата. Тоа е Сеск Фабрегас.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ангажирањето на Ханси Флик беше вистински потег од страна на Барселона. Германскиот стручњак дојде во 2024 година, го воведе својот систем и освои две титули во шпанското првенство во последните две сезони.
Барса го продолжи договорот со германскиот тренер до јуни 2028 година. Клубот има целосна доверба во него, а покрај тоа што ќе го води тимот, Флик ќе има и задача да го подготви тимот за новиот тренер.
Каталонците веќе одлучија кој ќе го преземе клубот по Флик. Тоа ќе биде Сеск Фабрегас, кој прави чуда со Комо и се промовираше во еден од најдобрите млади тренери во Европа.