Дома Фудбал Tреба да се пресели во Реал, а сега зборуваше за депресијата: Другите луѓе тоа не го разбираат

Tреба да се пресели во Реал, а сега зборуваше за депресијата: Другите луѓе тоа не го разбираат

Францускиот дефанзивец Ибрахима Конате откри дека се соочувал со депресија по трагичната смрт на соиграчот Диого Жота и неговиот татко.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалскиот напаѓач Жота загина во сообраќајна несреќа во јули минатата година, а Конате го загуби татко му Хамади во јануари по долга болест.

“Дури и во фудбалот можете да бидете погодени од депресија, нема потреба да се срамите од тоа. Често слушам од фудбалери дека се борат со депресија, но навивачите и луѓето надвор од нашиот круг тоа не го разбираат затоа што сметаат дека многу заработуваме”, вели Конате.

Играчот на Француската репрезентација, кој има одиграно 27 натпревари, нагласи дека смртта на соиграчот Диого Жота длабоко го потресе.

“Ме уништи тоа, во тој момент ништо не ме интересираше. Но, мора да се вратите на фудбалот, бидејќи немате друг избор. Ние сме дел од тимот, платени сме секој месец и имаме обврски. Нема избор, морате да се вратите на теренот, играте за вас, но и за него и неговото семејство. Не можете да го заборавите, но морате да научите да живеете со таа болка”, порача Конате.

Инаку, се очекува Французинот да го напушти Ливерпул ова лето кога му истекува договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новиот потег на управата на Милан ја одлучи иднината на Модриќ!?

Милан ја заврши сезоната под очекувањата, што донесе серија големи промени во клубот и нов…