Дома Фудбал Димитриевски потпиша, доби и бонус од пола милион евра!

Димитриевски потпиша, доби и бонус од пола милион евра!

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски и во иднина ќе го носи дресот на Валенсија, откако шпанскиот клуб ја искористи можноста за продолжување на неговата соработка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во изминатите денови шпанските медиуми најавуваа дека раководството на Валенсија ќе ја активира клаузулата во договорот на искусниот голман, а денеска клубот и официјално ја потврди одлуката.

Со тоа, Димитриевски ќе остане на „Местаља“ и во следните две сезони, продолжувајќи ја својата кариера во редовите на еден од најпознатите шпански клубови.

„Валенсија го активираше продолжувањето на договорот на Столе Димитриевски за уште две сезони“, објавија од клубот.

Според информациите на шпанските медиуми, покрај продолжената соработка, македонскиот чувар на мрежата ќе инкасира и бонус од 500.000 евра предвиден со договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова се скандалите и виралните моменти по кои ќе го паметиме овој Мундијал!

Светското првенство во фудбал 2026 заврши со триумф на Шпанија, но и понатаму ќе биде тема…