Дома Фудбал Аргентинскиот играч за врска под прашање за Светското

Аргентинскиот играч за врска под прашање за Светското

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, можеби нема да може да смета на Нико Пас за претстојното Светско првенство. Според “Diario AS”, играчот за врска на Комо сè уште не се опоравил од повредата на коленото, поради што пропушти последните два натпревари во Серија А.

Медиумот тврди дека учеството на Пас на Мундијалот е под прашање. Ако се утврди дека тој нема да може да игра, на негово место ќе биде повикан Емилијано Буендија. Пас имаше извонредна сезона и му помогна на Комо да се квалификува за Лигата на шампионите. Тој постигна 13 гола и додаде 8 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлична атмосфера во Прилеп: Трибините полни, а Победа гази на теренот (Фото)

Фудбалот повторно привлекува големо внимание во Прилеп. ГФК Победа одигра фантастичен натп…