Дома Фудбал Челси ја одреди цената на Кукуреља – гигантите може да испраќаат понуди!

Челси ја одреди цената на Кукуреља – гигантите може да испраќаат понуди!

Челзс ја одредиле цената на Марк Кукуреља среде интересот од Манчестер Сити, Барселона и Атлетико Мадрид за левиот бек кој сака да си замине.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кукуреља се приклучи на Челси од Брајтон летото 2022 година за првична сума од 55 милиони евра, со плаќања што се зголемуваат до 62 милиони евра со дополнителни давачки. И по тешкиот почеток на неговата кариера на „Стамфорд Бриџ“, успеа да се наметне како омиленец на навивачите и еден од најдоследните играчи на клубот.

Сега, како што потврдува „talkSPORT“, Челси се отворени за продажба на Кукуреља ако нивната цена биде исполнета. Додека Атлетико Мадрид се надева да плати помалку од 50 милиони евра за левиот бек, Челси бараат 70 милиони евра пред Светското првенство во кое Кукуреља изгледа подготвен да стартува за шпанската репрезентација, која е меѓу фаворитите за целосна победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо му достави листа на Перез: „Овие шестмина веднаш да си заминат“

Според информациите кои се појавија во јавноста, португалскиот стратег го известил клупско…