
Управата на Арсенал е подготвена да продаде цели осум играчи од сегашниот состав за да ги балансира сметките и да ги реализира двете големи трансферни цели.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според “Дејли Миррор”, големата желба на Микел Артета е клубот да ја привлече ѕвездата на Астон Вила, Морган Роджерс, и напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулиан Алварес. И двата трансфера ќе бараат доста средства, и освен тоа, ќе има и силна конкуренција. Манчестер Јунајтед е заинтересиран за англискиот репрезентативец, а Аргентинецот е главната цел на Барселона.
Играчите со кои Арсенал ќе се обиде да се раздели се Фабио Виејра, Рис Нелсон, Кристијан Њоргор, Бен Вајт и Итан Нуанери, кој минатата сезона играше како позајмен играч во Марсеј. Габриел Жезус, Габриел Мартинели и Леандро Тросард имаат договори само за уште една година, така што ова лето е последна шанса “топџиите” да заработат подобри суми за нив. Во тој контекст и тие ќе бидат нудени на продажба.
“Миррор” додава дека алтернатива на Хулиан Алварес е 19-годишниот талент на Борнмут, Ели Крупи.