
Карлос Саинц минатата година беше едно од најбараните имиња на пазарот за возачи откако Ферари реши неговото место да му го отстапи на Луис Хамилтон. Многумина тогаш беа уверени дека неговата иднина е поврзана со Ауди, но Шпанецот на крајот избра сосема друг пат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Легендарниот рели возач и повеќекратен победник на Дакар постигна големи успеси баш со Ауди и наводно беше голем поддржувач на идејата неговиот син кариерата да ја продолжи во тој проект. Сепак, Карлос Саинц Јуниор на крајот одлучи поразлично.
Шпанецот потпиша повеќегодишен договор со Вилијамс и така ги изненади многумина познавачи на Формула 1.
За целата ситуација сега зборуваше Матија Биното, човекот кој го предводи проектот на Ауди за влез во Формула 1.
„Очигледно е дека имавме многу добар однос во Ферари. Јас го донесов во Ферари, така што тој знаеше дека имав доверба во него тогаш, како што имам доверба и денес”, рече Биното.
„Беше убаво повторно да се сретнеме и да разговараме со него. Разгледа различни опции, но како и секогаш, ги почитувам одлуките на луѓето. Ако одлучи да тргне по друг пат, ми е драго за него.”
Најинтересниот дел од разговорот се однесуваше токму на влијанието на неговиот татко.
„Искрено, мислам дека ја донесе својата одлука и тоа беше најважно. Би рекол дури дека ја донесе својата одлука, а не одлуката на неговиот татко и тоа е одлична работа за него”, порача Биното.