
Можното враќање на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид може да го чини шпанскиот клуб до 15.000.000 евра, бидејќи истече клаузулата од неговиот договор со Бенфика која овозможуваше заминување со значително помала компензација.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Португалскиот тренер е на чекор од вториот мандат во Мадрид, откако постигна договор за тригодишна соработка и треба да го наследи Алваро Арбелоа на местото шеф на стручниот штаб.
Договорот на Мурињо со Бенфика содржеше откупна клаузула вредна околу 6.000.000 евра, но таа важеше само десет работни дена по завршувањето на сезоната и истече на 29. мај.
Поради тоа, мадридскиот клуб сега може да плати значително поголемо оштетување ако сака да го реализира трансферот на тренерот.
Преговорите за ангажманот на Мурињо ги предводеше претседателот на Реал, Флорентино Перез, кој го гледа како идеално решение за наредната сезона по уште една натпреварувачка година без освоен трофеј.