Дома Останати Кошарка НБА Видео: Мајами влегува во серија, Мемфис тоне!

Видео: Мајами влегува во серија, Мемфис тоне!

Кошаркарите на Бруклин му го нанесоа осмиот послднователен пораз на Мемфис, а победи во НБА лигата забележаа и Минесота и Мајами.

Тимот на Мајами влегува во победничка серија благодарение на игрите на Горан Драгиќ кој успеа да запише 24 поени и беше најзаслужен за победата против Чикаго Булс, со резултат од 100:93.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бруклин ја прекина низата од три порази во низа, додека Мемфис продолжи со лошите партии и го запиша осмиот пораз во низа. Најефикасен во победничкиот тим беше Демар Керол со 24 поени, Тревор Букер додаде 16. А Харис Џое три поени помалку. Во редовите на Mемфис се истакнаа Mарк Гасол и Тајрик Еванс со по 18 постигнати поени.

Кошаркарите на Минесота го победија Феникс со 119:108 предводени од Карл-Ентони Таунс, кој мечот го заврши со 32 поена, 12 скокови и две асистенции. Него најдобро го следеше Џими Батлер со 25 поени, додека Ендру Вигинс додаде 21.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Македонското знаме се развеа во Милано и Кортина (Видео)

Вечерва беа отворени Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина на кои ќе учествува и Мак…