Дома Фудбал Една од најголемите легенди во историјата на Ливерпул објави дека има рак

Една од најголемите легенди во историјата на Ливерпул објави дека има рак

Еден од најголемите фудбалери во историјата на Ливерпул и шкотска икона, Кени Даглиш, објави дека му е дијагностициран рак и дека е во тек со неговото лекување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Даглиш (75) ја сподели веста на социјалните мрежи, наведувајќи дека терапијата дава добри резултати.

“Лекувањето успешно напредува. Секогаш сум благодарен на извонредниот медицински персонал кој покажа неверојатна грижа и дискретност, не само за мене, туку и за многу други луѓе. Тие се вистински пример”, напиша Даглиш.

Поранешниот напаѓач истакна дека не сакал јавно да го објави својот здравствен статус, но информацијата случајно излезе во јавноста, како што тој вели, поради неговото неумеење со технологијата.

“Би било најдобро ова да останеше приватна работа, но моите не доволно добри технолошки вештини ме натераа да реагирам”, изјави тој.

Познат меѓу навивачите како “Кралот Кени”, Даглиш се смета за еден од најголемите играчи во историјата на Ливерпул. Од 1977 до 1985 година, со тимот освои пет титули на Англија и три Европски купови.

Подоцна ја презеде и улогата на играч-тренер и во првата сезона го доведе Ливерпул до двојната круна, односно титулата првак и трофејот во ФА купот. Освои уште две шампионски титули во 1988 и 1990 година.

Својата кариера ја заврши во 1990 година со 39 години, откако одигра над 350 натпревари и постигна 118 голови за Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Индија отстранета огромна статуа од Меси висока 20 метри (Видео)

Импресивна статуа на аргентинската фудбалска ѕвезда Лео Меси, висока 20 метри, беше отстра…