
Добитникот на „Златната топка“ за 2024 година, Родри, и понатаму е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, но самиот тој избегнува да зборува на таа тема. Сега играчот на Манчестер Сити е на тренинг камп со националниот тим на Шпанија пред претстојното Светско првенство. За време на отворениот тренинг за фановите и медиумите, овој 29-годишен фудбалер беше прашан за интересот на „белите“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Нормално е имињата на играчи да се поврзуваат со различни клубови – изјави Родри. – Јас сум капитен на националниот тим и сум целосно концентриран на тоа. Моја одговорност е да ја водам Шпанија кон успех на Светското. Може да има многу гласини околу мене, но од моја страна ќе се фокусирам целосно на првенството, а по неговото завршување ќе видиме (дали ќе сменам клуб – бел. ред.).“
По новата сезона, во која пропушти многу натпревари поради повреди, сега поранешниот фудбалер на Виљареал и Атлетико Мадрид е мотивиран за силно претставување.
„Се чувствувам во одлична форма. На шега го коментирав, но за прв пат пристигнувам свеж и без толку натрупани натпревари. Успеав да надминам сè. Мојот клубски тим не успеа да ги постигне сите свои цели, па затоа доаѓам со помалку одиграни натпревари на моето конто“, вџбуда од Родри.