
Иако Масимилијано Алегри сè уште официјално не го презел тренерското место во Наполи, веќе се работи на плановите за претстојната сезона, а во центарот на вниманието е средниот ред. Иднината на Франк Ангиса и Кевин Де Брјуин е неизвесна, додека Били Гилмур е надвор од игра поради повреда на коленото.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во такви околности, погледот на Алегри е насочен кон неговото старо познанство и миленик, Адријан Рабио. Ако се создадат вистинските услови, Наполи ќе се обиде да го доведе францускиот играч од средниот ред, пишува Газета.
Пред Алегри да се посвети на пазарот, тој треба да го финализира своето пристигнување во Наполи, што вклучува раскин на договорот со Милан и потпишување на две-годишен договор со опција за третата сезона. Потоа, името на Рабио неизбежно ќе се најде на масата.
За Алегри, тој е совршен играч од средниот ред – физички моќен, технички обучен, играч со класа, издржливост и чувство за рамнотежа. Агресивен е во одземањето на топката, но исто така е многу вешт во трчањето во противничкиот шеснаесетник. Освен што постигнува голови и дава асистенции, тој ја поврзува играта и може да биде штит пред одбраната. Неговото огромно меѓународно искуство е дополнителна вредност.
Сепак, доаѓањето на Рабио зависи од судбината на Ангиса и Де Брујне. Клубот мора да ги намали трошоците за плати, а Французинот има високи примања – во Милан оваа сезона заработуваше 3,5 милиони евра нето, а од наредната година основната плата треба да му изнесува 4 милиони. Наполи може да си го дозволи тоа, но не додека Ангиса и Де Брујне се уште се дел од тимот.