
Дефанзивецот на второлигашот Динамо од Дрезден, Ларс Бининг (28), итно беше хоспитализиран откако доживеа крварење во мозокот, соопшти клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што се наведува во официјалното соопштение, до крварењето дојде спонтано, без никаков надворешен предизвик или удар. Лекарите веднаш констатираа дека ситуацијата е критична и дека животот му е загрозен, поради што беше подложен на итна операција.
За среќа, интервенцијата мина успешно. Бининг во моментов се наоѓа на одделот за интензивна нега, е свесен и комуникативен, но го очекува долг период на закрепнување пред воопшто да се размисли за враќање на теренот.
– Оваа вест беше апсолутен шок за сите нас. Во вакви ситуации, фудбалот целосно паѓа во втор план, бидејќи ништо не е повредно од здравјето – изјави спортскиот директор на Динамо, Срeн Гонтер, и додаде:
– За среќа, операцијата помина многу добро и Ларс е повторно свесен. Цел клуб е со него и неговото семејство. Ќе му пружиме најдобра можна поддршка за време на закрепнувањето.
Трагедијата е уште поголема бидејќи Бининг пред само неколку дена застана на „лудиот камен“ и ја ожени својата долгогодишна избраничка Сина. Наместо планираниот одмор по напорната сезона во која Динамо задржа опстанок во последното коло, следеше најтешката борба за живот.