Дома Фудбал Eдна од најголемите легенди на Премиер лигата по 24 години ја заврши кариерата

Eдна од најголемите легенди на Премиер лигата по 24 години ја заврши кариерата

Џејмс Милнер објави дека на 40-годишна возраст ја завршува својата професионална кариера.

Одличниот играч е рекордер на Премиер лигата по број на одиграни натпревари. Во најсилната лига на светот, тој собра 658 натпревари.

Низ кариерата настапуваше за Ливерпул, Манчестер Сити, Лидс, Њукасл, Астон Вила, и на крај Брајтон.

„По 24 години во Премиер лигата, чувствувам дека е вистинскиот момент да ја завршам својата кариера. Никогаш не можев да сонувам за ваква патека во мојот живот. Сите клубови играа важна улога во мојата кариера и живот. Фудбалот ми даде сè и секогаш ќе му бидам благодарен“, изјави Милнер.

За репрезентацијата на Англија одигра 61 натпревар, постигнувајќи еден гол. Два пати ја освои Премиер лигата со Манчестер Сити, а еднаш со Ливерпул. Со „Црвените“ беше и шампион на Европа во сезоната 2018/2019.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хет-трик на Мбапе и голема победа го обележаа враќањето на Мурињо на „Бернабеу“

Реал Мадрид оствари убедлива победа со 4:1 против Реал Сосиедад во натпревар од второто ко…