Дома Фудбал Арсенал пред големи промени: Четворица клучни играчи на излез, нови инвестиции на повидок

Арсенал пред големи промени: Четворица клучни играчи на излез, нови инвестиции на повидок

По поразот од финалето на Лигата на шампионите, Арсенал се подготвува за летниот трансфер период со намери да го засили тимот на најмалку четири позиции. Тренерот Микел Артета ги повика челниците да пристапат со „многу амбициозен“ план. Шпанскиот стратег е свесен за потребата од засилувања на левото крило, напаѓачката позиција, местото на десен бек, како и додавање конкуренција во средниот ред, пишува Дејли Мејл.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако приходите на клубот за оваа сезона се проценуваат на околу 890 милиони евра, од кои повеќе од 350 милиони одат на ТВ права, во клубот се свесни дека ќе треба да продаваат играчи за да ги балансираат финансиите. Артета се надева дека освојувањето на Премиер лигата и успешната европска сезона ќе ги убедат сопствениците, Стен и Џош Кроенке, дека дополнителни инвестиции во вистинските профили на играчи можат да го подигнат клубот на повисоко ниво, особено кога осеќа простор за продолжување на успехот додека ривалите се менуваат.

Можни заминувања на четири играчи

И покрај големите заслуги за клубот, Габриел Мартинели, Леандро Тросар, Бен Вајт и Габриел Жесус би можеле да заминат. Жесус беше подготвен да потпише нов договор и да добие британско државјанство, но потенцијалните купувачи се известени дека 29-годишникот може да замине за сума над 20 милиони евра.

Барселона се интересира за Пиеро Хинкапи, кој остави силен впечаток во саботното финале против Пари Сен Жермен. Еквадорецот треба трајно да премине во Арсенал од Леверкузен за 52 милиони евра, но Топџиите би можеле брзо да заработат доколку стигне соодветна понуда. Хинкапи е задоволен во Лондон, но интересот на Барселона може да му донесе подобри услови.

Арсенал внимателно ја следи ситуацијата околу Виктор Валдепенас, 19-годишен стопер и лев бек на Реал Мадрид. Како потенцијални цели се споменуваат и Тино Ливраменто и Сандро Тонали од Њукасл Јунајтед, но и двајцата можат да го напуштат клубот само по висока отштета.

Се цени и вредноста на Морган Роџерс од Астон Вила, чија цена се проценува на 92 милиони евра, како и младиот напаѓач Ели Џуниор Крупи од Борнмут. Иако неговиот клуб инсистира на неговото останување, големите понуди би можеле да ја променат ситуацијата, особено што го следат многу европски големи тимови.

Арсенал одамна се восхитува на Жулијан Алварез од Атлетико Мадрид, но неговата желба е да се пресели во Барселона. Шпанските шампиони бараат 140 милиони евра, што за Барса може да биде премногу, а во заднината чека и ПСЖ. Затоа се поставува прашање за статусот на Маркус Рашфорд во Барселона.

Неговата желба е да продолжи да работи со Ханси Флик, но ако биде принуден да замине, неговата придружба верува дека Арсенал би можел да тропне на вратата, заедно со Челси, Баерн Минхен, па дури и Реал Мадрид. Уште еден напаѓач на листата на желби е Игор Тиаго од Брентфорд, но и тој трансфер би бил скап и би вклучувал борба со конкуренцијата.

Трката со ривалите го поттикна Арсенал да размисли и за играчот од средниот ред на Вест Хем, Матеус Фернандес, за да не заврши во Манчестер Јунајтед. Со клубот од Олд Трафорд се борат и за 16-годишниот играч на крилото од Лестер, Џереми Монг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал ја направи најголемата прослава во историјата на Англија. Погледнете неверојатните сцени од Лондон

ФРУСТРАЦИЈАТА по поразот на пенали во вчерашното финале на Лигата на шампионите денеска се…