Дома Фудбал Ѕвездата на Тотенхем го исмејуваше Арсенал, па со објава за Габриел го шокираше фудбалскиот свет!

Ѕвездата на Тотенхем го исмејуваше Арсенал, па со објава за Габриел го шокираше фудбалскиот свет!

По 22 години чекање, Арсенал конечно ја освои титулата шампион на Англија и имаше можност да ја заврши сезоната на маестрален начин со освојување на Лигата на шампионите, но тоа не се случи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Топчиите водеа од самиот почеток на натпреварот против Пари Сен Жермен, но париската екипа успеа да се врати и да избори продолженија во кои не постигнаа голови.

Победникот го добивме по изведувањето на пеналите, каде што играчите на ПСЖ беа поуспешни и ја освоија повторно титулата на Лигата на шампионите како и насловот европски шампион.

Во центарот на вниманието беше напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон, кој реши да го исмејува Арсенал со објава на социјалните мрежи.

Тој објави видео веднаш по завршната утакмица и многумина веднаш знаеја кому е посветено.

Сепак, ѕвездата на Тотенхем потоа го шокираше сите со нова објава. Ришарлисон истата ја посвети на својот сонародник Габриел кој беше трагичен јунак на финалето откако промаши пенал во петтата серија.

Иако со нетрпение чекаше да го исмејува Арсенал, на крај Ришарлисон му даде јавна поддршка на Габриел, што навистина не се очекуваше.

“Главата горе брате. Светското првенство ни доаѓа, на кое ќе доминираш,” порача напаѓачот на Тотенхем.

.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Лондон денес беше видена најголемата парада во историјата на фудбалот!

Фудбалерите на Арсенал синоќа не успеаја да ја освојат Лигата на шампионите и беа поразени…