Дома Фудбал Чеферин можеше синоќа да се посрамоти засекогаш, но Дембеле го „спаси“ (Видео)

Чеферин можеше синоќа да се посрамоти засекогаш, но Дембеле го „спаси“ (Видео)

ПСЖ синоќа во Будимпешта го победи Арсенал во финалето на Лигата на шампионите и ја одбрани титулата шампион на Европа. Но, интересен момент се случи за време на доделувањето на медалите на играчите од ПСЖ и само благодарејќи на Усман Дембеле, првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, не направи грешка која ќе се прераскажува со години.

За време на доделувањето на медалите, Чеферин му ја предаде на Дембеле и тргна кон трофејот за да го даде на напаѓачот на ПСЖ, мислејќи дека тој е капитенот, но Французинот реагираше и му покажа на претседателот на УЕФА дека погрешил.

Дембеле му даде до знаење на Чеферин дека тој не е капитенот, туку дека зад него е Маркињос, а реакцијата на Словенецот стана хит на социјалните мрежи.

Александар Чеферин речиси заборави на Маркињос 🇧🇷. 🤣🤣

🎥 @footballontnt pic.twitter.com/P5etP5q512— Actu Foot (@ActuFoot_) 30 мај, 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Габала на Беќири му го затвори патот до врвот на Карабах

Јетон Беќири ја водеше Габала до реми без голови против Карабах. По првенствената и куп-по…