Дома Фудбал Aртета откри кој сакаше да го шутне петиот пенал за Арсенал

Aртета откри кој сакаше да го шутне петиот пенал за Арсенал

Микел Aртета на прес-конференцијата по финалето на Лигата на шампионите откри кој сакаше да го шутне петиот пенал кој се покажа како „судбоносен” за Арсенал.

Лондонскиот тим одлично ја отвори средбата и поведе уште во шестата минута преку Каи Хаверц, со што најави дека конечно може да дојде до долгоочекуваниот европски трофеј.

Но, ПСЖ во текот на натпреварот постепено ја презеде иницијативата и во второто полувреме постигна израмнување преку Усман Дембеле, кој беше сигурен од белата точка.

До крајот на регуларниот дел резултатот не се промени, а ниту продолженијата не донесоа победник, така што одлуката за првакот падна дури по пенал серијата.

По натпреварот големо внимание привлече изјавата на тренерот на Арсенал, Микел Артета, кој откри интересен детал од пенал серијата.

„Габриел сакаше да го шутне петиот пенал”, рече шпанскиот тренер по средбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дембеле и Кварацхелија први на удар: Луис Енрике воведе сурово правило во ПСЖ

Откако минатата сезона освои сè што можеше да се освои, Луис Енрике не дозволува опуштање …