
Тимот на Арсенал не успеа, откако ја освои Премиер лигата, да ја освои и Лигата на шампионите бидејќи вечерва ПСЖ беше поквалитетен противник.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Парижаните, со повеќе напаѓачки потенцијал, го имаа топката многу повеќе во својот посед, но тактиката на Микел Артета беше исто така импресивна, Арсенал изгледаше одлично дефанзивно и дојде до пенали каде што одлучи нелагодата присутна кај играчите на Арсенал кои ги шутраа пеналите, пред сè кај Габриел и Езе.
Но, ако бараме причина зошто ПСЖ заслужено победи вечерва, најверојатно најдобар показател е односот во додавањата.
ПСЖ имаше 837 успешни додавања за 120 минути, а од друга страна, Арсенал имаше помалку од – 200!
Точно 199 точни додавања на Арсенал за 120 минути е премалку за некој да се нарече првак на Европа…
Треба да посочиме и дека само Витиња имаше 141 успешно додавање вечерва, а играше 106 минути.