Дома Фудбал Сјајни вести за Арсенал и огромно олеснување за Артета: Важен играч се враќа на теренот за финалето на Лигата на шампиони!

Сјајни вести за Арсенал и огромно олеснување за Артета: Важен играч се враќа на теренот за финалето на Лигата на шампиони!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека холандскиот дефанзивец Јуријен Тимбер е подготвен за настап на саботното финале од Лигата на шампиони против Пари Сен Жермен. Овој десен бек немаше настапено за “топчиите” откако во март се повреди на мечот со Евертон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговото враќање е големо олеснување за Артета, бидејќи позицијата на десниот бек стана предизвик. Примарната опција на таа позиција, Бен Ваjт, е надвор од теренот поради повреда на лигаментите на коленото. Тоа ги принуди шпанскиот стопер Москера, како и играчите од средината на теренот Мартин Зубименди и Деклан Рајс, да се прилагодат на оваа улога.

Тимбер е забележан како тренира во Будимпешта, во рамките на подготовките на Арсенал за дуелот против екипата на Луис Енрике. Дополнителните добри вести за Артета дојдоа со потврдата дека и Нони Мадуеке, кој минатиот викенд го напушти натпреварот со Кристал Палас поради проблем со тетивата, исто така ќе биде на располагање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо веќе има огромна главоболка во Реал

Едер Милитао и Раул Асенсио ќе го пропуштат почетокот на сезоната поради повреди, па Жозе …