Дома Фудбал Уапсен Рахим Стерлинг, возел дрогиран!

Уапсен Рахим Стерлинг, возел дрогиран!

Рахим Стерлинг беше уапсен вчера под сомнение дека возел под влијание на дроги.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој се соочува со обвиненија за опасно возење, поседување на дроги од класа Ц и одбивање да изврши тест за употреба на дроги.

Полицијата го запрела Стерлинг откако неговото Ламборџини удрило во заштитната ограда.

Во соопштението полицијата изјави:

„Нешто пред девет часот добивме извештај дека возило од марка Ламборџини удрило во заштитната ограда на автопатот М3, близу Минли интерчејнџ, без вмешани други возила. Нема пријавени повреди.

Триесет и едногодишниот возач од Беркшир е уапсен под сомнение дека возел под влијание на дроги, опасно возење, поседување на дроги од класа Ц и одбивање да даде примерок за тестирање. Пуштен е на кауција додека истрагата е во тек“.

Британските медиуми во петок вечер објавија дека се работи за Рахим Стерлинг.

Според законите во Обединетото Кралство, дрогите од класа Ц вклучуваат различни лекови за смирување, аналгетици, благи опиоиди, анаболички стероиди и супстанции како „гасот за смеа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар се раздели со двајца фудбалери!

По освојувањето на шампионската титула, Вардар продолжува со активностите околу формирањет…