Дома Фудбал Останато Видео: Дербито во Франција за „светците“ – Нејмар изнуди и реализраше пенал, погоди и Кавани, Мутињо стрелец за Монако!

Видео: Дербито во Франција за „светците“ – Нејмар изнуди и реализраше пенал, погоди и Кавани, Мутињо стрелец за Монако!

Четиринаесетото коло во француското првенство ни го донесе и дербито помеѓу Монако и ПСЖ.

ПСЖ и во овој натпревар покажа дека оваа сезона тие ќе го водат главниот збор во Франција. „Светците“ успеаа да слават со 1:2.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Се играше 19 минута од натпреварот кога Јулијан Дракслер одлично се снајде во казнетиот простор и го пронајде Едисон Кавани кој ја спроведе топката во мрежата на домаќинот. Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме.

Стартуваше вториот дел, а после само седум минути игра пенал за гостите од Париз. Нејмар одлично се поднамести и успеа да изнуди пенал кој на крајот го претвори и во погодокот.

Монако до крајот успеа само да намали на 1:2 и тоа преку Жоа Мутињо кој во 82 минута погоди од слободен удар.

Со оваа победа, ПСЖ стигна до девет бода предност во однос на Лион и Монако кои имаат по 28 освоени бодови.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато кога Модриќ ќе потпише за Милан

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ (39) треба следната недела, п…