
Точно пред десет години, едно видео го обиколи и разнежни светот, а денес доби својот најубав можен продолжеток. Се сеќавате ли на седумгодишниот Брејдон, момчето што влезе во такси мислејќи дека го вози клубскиот презентер Лес Чепмен, а всушност на предното седиште го најде новоименуваниот менаџер на Манчестер Сити?
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа лето, свежо поставениот Пеп Гвардиола лично подигна петмина случајно избрани навивачи од култни локации низ целиот град за да ги превезе до клупската академија, а малиот Брејдон беше првата станица пред Националниот фудбалски музеј.
Момчето тогаш доживеа шок од животот, но веднаш штом дојде себеси, изговори реченица што стана историско пророштво: „Сега кога те имаме тебе, ќе освоиме апсолутно сè!“ Пеп му одговори скромно, со насмевка: „Сите трофеи? Ќе се обидеме!“ И, навистина, не само што се обидоа – туку и успеаја.