
Аргентинскиот фудбалски експерт Маурисио Покетино е на чекор до преземање на тренерското место на посрналото италијанско големо име Милан, пренесуваат италијанските и американските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Покетино од септември 2024 година ја води репрезентацијата на САД со која се подготвува за претстојното Светско првенство, но договорот му завршува по Светското првенство.
Некои медиуми објавија дека 54-годишниот Аргентинец се сретнал со претставници на „Росонерите“, меѓутоа Покетино ги демантираше тие вести порачаувајќи дека 100 отсто е посветен на американската селекција. Сепак, не откри дали можеби неговите претставници се сретнале со челниците на Милан.