Дома Фудбал Рагник постави услови на челниците на Милан за да ја прифати понудата

Рагник постави услови на челниците на Милан за да ја прифати понудата

Челниците на Милан Џери Кардинале и Златан Ибрахимовиќ отпатуваа во Виена за да преговараат со селекторот на Австрија, Ралф Рагник, околу доаѓањето во клубот и преземањето на спортскиот сектор.

На почетокот се мислеше дека се работи за функцијата спортски директор понудена на Рагник, но како што пренесува Скај Италија, се работи за позицијата технички директор.

Во таа насока, Рагник, за да ја прифати понудата, побара тој да биде тој што ќе го именува спортскиот директор и тренерот.

Слично побара и во 2020 година кога беше практично претставен како нов технички директор, но се повлече во последен момент и беше заменет од Паоло Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историска победа за Комо, убедливи триумфи на Јунајтед и Баерн, и неверојатен пресврт на Ланс

Вечерта низ Европа беше динамична со четири натпревари од првото коло на групната фаза на …