Дома Фудбал Селекторот на БиХ го најави натпреварот со Македонија: Ќе играме против квалитетна репрезентација!

Селекторот на БиХ го најави натпреварот со Македонија: Ќе играме против квалитетна репрезентација!

Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, најави дека неговата репрезентација со максимален пристап ќе влезе во пријателскиот натпревар против Македонија, потенцирајќи дека македонскиот национален тим поседува квалитет и заслужува целосен респект.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На денешната прес-конференција Барбарез најпрво се осврна на здравствениот биланс во тимот, откривајќи дека Харис Табаковиќ е блиску до враќање и дека се очекува да ѝ се приклучи на репрезентацијата пред патувањето.

„Постои можност да продолжи со терапијата за да бидеме сигурни дека ќе биде целосно подготвен“, изјави босанскиот селектор.

Тој говореше и за состојбата на Иван Шуњиќ, посочувајќи дека не се работи за сериозна повреда и дека фудбалерот би можел повторно да биде во комбинација веќе за викендот. Барбарез откри и дека Един Џеко добил одмор од тренинзите како мерка на претпазливост.

„Играчите имаат обврска веднаш да кажат ако почувствуваат каков било проблем. Подобро е сега да одморат, отколку подоцна кога ќе отпатуваме за Америка“, додаде тој.

Посебно внимание привлече неговиот коментар за Македонија, која ја оцени како сериозна и организирана селекција.

„Пријателските натпревари мора да се сфатат сериозно. Македонија има квалитетен тим и нов селектор. Пред настапите во Лигата на нации играат против нас и Турција и сигурно ќе сакаат позитивни резултати, исто како и ние“, порача Барбарез.

Селекторот најави и одредени ротации во составот за сите фудбалери да добијат шанса, но истакна дека натпреварот, иако е пријателски, ќе биде одигран со натпреварувачки дух.

Дуелот меѓу Босна и Херцеговина и Македонија е закажан за в петок од 20:30 часот на стадионот „Кошево“ во Сараево.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фелипе Луис најде нов ангажман, првпат ќе биде тренер во Европа

Монако имаа тешка сезона зад себе. Едвај обезбедија место за настап во европските купови, …