Дома Фудбал Мундијалот уште не почнал, а Нејмар го загрижи Анчелоти – не се појави на првиот тренинг!

Мундијалот уште не почнал, а Нејмар го загрижи Анчелоти – не се појави на првиот тренинг!

Цел Бразил беше во екстаза кога Карло Анчелоти реши да го повика Нејмар за претстојниот Мундијал. Но, здравствената состојба на некогашниот врвен фудбалер не е најдобра.

Веќе со години се бори со повреди, што би можело да влијае на неговото учество на овогодинешното првенство.

Фудбалската федерација на Бразил потврди дека Нејмар не учествувал на првиот тренинг на националниот тим поради повреда на листот на десната нога. Наместо тоа, тој бил во приватна клиника, со надеж брзо да ја санира повредата и да биде подготвен за стартот на Мундијалот.

Не е исклучено можноста Анчелоти да размислува да повика некој друг доколку Нејмар не закрепне навреме. Но, тоа би било големо разочарување за бразилските фанови кои со ентузијазам го поздравија неговото враќање на списокот, особено поради славната кариера во Барселона и ПСЖ.

Анчелоти нема да може да се потпре на двојката од Арсенал за натпреварот со Панама во недела, бидејќи тие учествуваат во финалето на Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mурињо по победата во Мадрид: Свирежите од навивачите не прават посилни!

Враќањето на Жозе Мурињо на кормилото на Реал Мадрид пред домашната публика беше обележано…