Дома Фудбал Англија или Шпанија ќе имаат дури девет клуба во УЕФА-натпреварувањата

Англија или Шпанија ќе имаат дури девет клуба во УЕФА-натпреварувањата

Во финалето на Конференциската лига вечерва со почеток во 21:00 часот на Ред Бул Арената во Лајпциг се сретнуваат Кристал Палас и Рајо Валејкано. Двата клуба кои за прв пат во историјата се во европско финале ќе се борат за голем трофеј, но и за место во Европа идната сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Победникот на Конференциската лига во оваа сезона автоматски добива право да учествува во Европската лига следната сезона и тоа во нејзиниот главен, лигашки дел, без обврска за играње квалификации. Тоа би значело играње втора сезона последователно за еден од овие два клуба, нешто што ниедно од нив никогаш досега го нема постигнато.

Воедно, оној кој вечерва ќе триумфира ќе стане деветтиот претставник на својата земја во натпреварите на УЕФА следната сезона. Заради фиксните места на кои имаат право, заради прераспределба на местата врз основа на националниот коефициент (Англија и Шпанија беа најдобри оваа сезона), и поради фактот што и Кристал Палас во Премиер лигата и Рајо Валејкано во Ла Лига останаа без места кои водат во Европа, со освојувањето на Конференциската лига би обезбедиле дополнително, вкупно деветто место за својата држава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фиорентина најде нов тренер!

Фиорентина е на прагот на назначување на Фабио Гросо како нов тренер на тимот, објавија ит…